ВИДЕО | Позитива на денот: Кијану Ривс галеше кутриња среде емисија

Фото: Инстаграм/„The Tonight Show“

Актерот Кијану Ривс неодамна гостуваше во емисијата „The Tonight Show“ на комичарот Џими Фелон, како дел од промоцијата на новото продолжение на филмската франшиза „John Wick“ – „John Wick: Chapter 4“.

Ривс е познат по својата неверојатна харизма, па неговото симпатично учество во „Квизот со кутриња“, кој беше дел од емисијата, е уште еден доказ за тоа зошто тој е едно од најдрагите актерски имиња на голем број луѓе ширум светот.


Правилата на квизот беа прилично едноставни – Кијану Ривс и Џими Фелон одговараа на прашања, еден по друг, а за секој точен одговор тие добиваа по едно преслатко кутре од расата златен ретривер за галење. Но, за секој неточен одговор – им беше одземано по едно кутре, кое го добиваше опонентот.

На крајот од квизот, Кијану победи со дури шест кучиња во неговиот скут и шеговито изјави: „Кој е кралот на кутрињата? Јас сум кралот на кутрињата“.

Дефинитивно, според многумина, ова е еден од најслатките телевизиски моменти во последно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот