ВИДЕО | „Поважно ми е да бидам здрава“: Селена Гомез одговори на критиките за вишокот килограми

Селена Гомез
Селена Гомез на свеченото доделување на наградите Златен глобус / 10 јануари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Американската актерка и пејачка Селена Гомез одговори на критиките за нејзиниот физички изглед и доби голема поддршка од јавноста за нејзиното објаснување дека телото ѝ се менува поради лековите кои ги пие за автоимуната болест лупус.

Во јавување во живо на платформата ТикТок, Гомез им се обрати на своите обожаватели, но и на оние кои ја критикуваат.

„Кога ги примам лековите, во телото ми се задржува повеќе вода. И тоа се случува многу нормално. Кога ќе престанам да ги пијам, на некој начин слабеам.

Сакав само да ги охрабрам сите кои се срамат поради она низ што поминуваат и никој не ја знае нивната приказна. Па, сакам луѓето да знаат дека се убави и прекрасни. Да, сите имаме денови кога се чувствуваме лошо, но јас побргу ќе изберам да бидам здрава и да се грижам за себеси. Моите лекови ми се важни и верувам дека ми помагаат.

Да, не сум модел и никогаш нема да бидам. Сметам дека тие се прекрасни, но јас дефинитивно не сум тоа“, објасни таа.

Како потсетување, на Гомез ѝ беше дијагностицирана оваа автоимуна болест во 2014 година.

Во 2017 година, ѝ беше извршена трансплантација на бубрег поради состојбата, а бубрегот ѝ го донираше нејзината тогашна најдобра пријателка Франсија Раиса.

„Не постојат зборови со кои јас можам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна пријателка Франсија Раиса. Таа ми го даде ултимативниот подарок и се жртвуваше донирајќи ми бубрег. Многу сум благословена. Те сакам многу сестричке“, напиша тогаш Гомез на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Повеќе на темата:

Селена Гомез за менталното здравје: Драго ми е што сум жива

Крај на пријателството: Селена Гомез не ја спомна пријателката која ѝ донираше бубрег во документарецот

„Рацете ми се тресат поради лековите“: Селена Гомез им одговори на загрижените обожаватели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот