ВИДЕО | Селена Гомез за менталното здравје: Драго ми е што сум жива

Фото: Инстаграм/Епл плус

Од главна ѕвезда во телевизиските серии на „Дизни“, па сѐ до најголема поп-сензација која реди хитови на топ-листите – слободно може да се каже дека Селена Гомез израсна пред камерите.

Во нејзниот нов документарец „My Mind and Me“, кој ќе биде објавен утре(4 ноември) на Епл плус, популарната актерка и пејачката ќе се „соголи“ како никогаш претходно.

„По години поминати во центарот на вниманието, Селена Гомез постигнува незамислива слава. Но, токму кога достигнува нов врв, неочекуван пресврт ја влече во темнината. Овој уникатно суров и интимен документарец го опфаќа нејзиното шестгодишно патување во ново светло“, стои во најавата за филмот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Apple TV+ (@appletvplus)

Имено, вчера започна промоцијата на документарецот „My Mind and Me“ со премиера во Лос Анџелес.

„Можноста да ја видам таа верзија од себе и да сфатам дека некогаш сум била таа девојка – тоа ми го скрши срцето. Само посакувам да можев да ја прегрнам таа верзија од себе. Ми беше важно го споделам ова затоа што сакам луѓето да почнат да зборуваат на оваа тема (за менталното здравје). Се надевам дека оние луѓе кои, по пандемијата, се чувствуват осамени и неразбрани ќе почнат отворено да зборуваат за сѐ. Мислам дека ако бидам потранспарентна за она што го поминав, ниту еден туѓ коментар нема да ме погоди. Јас сум тоа што сум и сега сите ќе имаат шанса да го видат тоа“, изјави Гомез за „Варајети“, за време на премиерата на филмот.

Селена Гомез се појави во виолетова креација од „Родарт“ и блескави обувки и чантичка од „Џими Чу“.

Селена Гомез на премиерата на документарецот „My Mind and Me“ / 2 ноември 2022 / Фото: Image Press Agency / ddp USA / Profimedia

Филмот ја раскажува нејзината приказна во последните шест години, со главен акцент на предизвиците поврзани со нејзиното ментално здравје. Имено, Гомез долги години страдаше од депресија и анксиозност, а во 2020 година откри дека има биполарно растројство.

Исто така, на неа ѝ беше дијагностициран лупус во периодот меѓу 2012 и 2014 година, поради што ѝ беше трансплантиран бубрег во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот