Крај на пријателството: Селена Гомез не ја спомна пријателката која ѝ донираше бубрег во документарецот

Фото: EPA/Инстаграм/Селена Гомез

Селена Гомез неодамна го објави својот документарец „My Mind and Me“, во кој раскажува за животните настани кои ѝ се случиле во последните шест години.

Но, нејзините обожаватели се разочарани што Гомез не ја спомна нејзината пријателка Франсија Раиса, која ѝ донираше бубрег во 2017 година.

Откако Раиса се огласи на социјалните мрежи, каде потенцираше дека е навредена, Селена ѝ одговори со доза сарказам дека ѝ е жал што не ги спомнала сите луѓе кои ги познава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)


Во документарецот, во кој е ставен главен акцент на менталното здравје на Гомез, таа изјави дека пејачката Тејлор Свифт ѝ е единствена пријателка од јавниот свет.

„Никогаш не се вклопив во групата со ‘кул’ познати девојки. Мојата единствена пријателка од индустријата е токму Тејлор Свифт“, сподели Гомез.

Медиумот „Ентертејмент њуз“ го сподели овој цитат на Гомез на својот инстаграм-профил. Очигледно, ова ја навреди Раиса, која остави ироничен коментар „Интересно“ на објавата. Потоа, таа го избриша коментарот и ја отследи Гомез на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Како потсетување, на Селена Гомез ѝ беше извршена трансплантација на бубрег поради лупус, а бубрегот ѝ го донираше нејзината тогашна најдобра пријателка Франсија Раиса.

„Не постојат зборови со кои јас можам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна пријателка Франсија Раиса. Таа ми го даде ултимативниот подарок и се жртвуваше донирајќи ми бубрег. Многу сум благословена. Те сакам многу сестричке“, напиша тогаш Гомез на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез: Можеби нема да можам да останам бремена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот