ФОТО+ВИДЕО | Селена Гомез: Можеби нема да можам да останам бремена

Селена Гомез
Селена Гомез на насловната страница на „Ролинг стоун“ / Фото: Инстаграм/Селена Гомез

Американската актерка и пејачка Селена Гомез е во средиштето на медиумското внимание поради нејзиниот документарец „My Mind and Me“. Имено, меѓу другото, таа се најде на насловната страница на декемвриското издание на музичкото списание „Ролинг стоун“.

Во разговор за престижниот медиум, Гомез сподели дека можеби нема да може да остане бремена во иднина поради лековите за биполарно растројство.

„Биполарното растројство стана важна работа која е, едноставно, присутна и влијае на многу делови од мојот живот. Сепак, ако е судено, можеби ќе имам деца“, изјавила актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Исто така, таа споделила дека ова болно сознание ја „скршило“ откако ја посетила својата драга пријателка која се обидува да основа свое семејство.

„По дружбата со неа, јас само седнав во автомобилот и се расплaкав“, се присетила Гомез.

Документарецот „My Mind and Me“ ја раскажува приказната на Селена во последните шест години, со главен акцент на предизвиците поврзани со нејзиното ментално здравје. Имено, Гомез долги години страдаше од депресија и анксиозност, а во 2020 година откри дека има биполарно растројство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот