ВИДЕО: Последната желба на Тесла била на погребот да му се отсвират две песни, едната го потсетувала на далечната Југославија

Profimedia

Никола Тесла, еден од најголемите научници во светот, умрел на Божиќ, 7 јануари 1943 година во хотелската соба во Њујорк, сиромашен и во долгови. Имал 87 години и стотина патенти и пронајдоци кои му донеле слава, но не и богатство.

На неговиот погреб присуствувале повеќе од 2.000 луѓе.

Никола Тесла умре. Умре сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Она што го создаде е големо и како што поминува времето, станува уште поголемо“, рекол Фјорело ла Гвардија, тогашен градоначалник на Њујорк. Комеморацијата ја пренесувало Радио Њујорк.

Ковчегот на Тесла бил покриен со американско и југословенско знаме, а по желба на славниот научник го испратила музика. Тесла барал две песни – Шубертовата композиција „Аве Марија“ и за крај српската песна „Тамо далеко“.

Автентична снимка од погребот на Никола Тесла и звучен запис од песната „Тамо далеко“.

За ова сведочи звучниот запис кој останал сочуван до денес во архивот на Њујорк. Српската песна која научникот го потсетувала на далечната татковина ја отсвирел пријателот на Тесла, виолинистот Златко Балаковиќ во придружба на хорото „Слован“.

После тоа телото на Тесла било кремирано.

Ова е говорот на градоначалникот Ла Гвардија на комеморацијата на Тесла на 10 јануари 1943 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот