Поплави во Јапонија/Фото; EPA/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

ВИДЕО | Поројни дождови и поплави во Јужна Јапонија, евакуирани над три милиони луѓе

Јапонските власти во понеделникот апелираа до милиони луѓе да ги евакуираат своите домови, бидејќи поројните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во југозападна Јапонија, при што неколку лица се водат како исчезнати.

Снимките емитувани на јапонската телевизија покажаа куќи, продавници и возила потопени во вода висока и до еден метар во многу области во префектурата Кумамото.

За шестчасовен период утрово, во градот Тамана, најтешко погодениот град, наврнаа повеќе од 37 сантиметри дожд, што е локален рекорд, според Јапонската метеоролошка агенција.

„Ситуацијата претставува смртна опасност“, предупредија метеоролозите, додавајќи дека „потребна е максимална будност“.

Предупредувања и барања за евакуација беа издадени за повеќе од три милиони жители во југозападна Јапонија, според Агенцијата за управување со пожари и катастрофи. Околу 384.000 луѓе, претежно во префектурата Кумамото, се ставени на највисоко ниво на тревога, соопшти агенцијата.

Еден маж во Коса, Кумамото, е исчезнат во понеделникот откако лизгање на земјиштето го погоди неговиот дом, изјави локален функционер за АФП.

Во Мисато, друг град во префектурата, спасувачите работеа на тоа да му помогнат на постар маж заробен во својата куќа, која исто така беше погодена од свлечиште, изјави локален функционер за АФП.

Судбината на две лица во градот Фукуока кои вчера беа однесени од надојдените води е сè уште непозната, според јавниот радиодифузен сервис НХК.

Над 3 милиони луѓе беа замолени да ги напуштат своите домови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот