ВИДЕО | Погледнете како полицијата го апси генералниот директор на ХРТ

Во тек е нова голема акција на полицијата и УСКОК во Загреб. Полицијата рано утрово „тропна“ на вратата на неколку лица. Меѓу уапсените е и генералниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, чија куќа полицијата ја претресуваше во центарот на Загреб, по што беше однесен во полициска станица.

Полицијата е во загребската Радичева улица каде се наоѓа станот кој е една од причините за апсењето на Бачиќ. Тој е осомничен дека добил стан од Лончариќ некогашниот директор и мнозински сопственик на ТЕЖ, како награда за посредување на при откуп на земјиштето на поранешната фабрика ТЕЖ на кое Лончариќ планирал да гради луксузен станбен комплекс „Градини на светлината“, односно истражителите се сомневаат дека Бачиќ во име на Лончар со Бандиќ се договорил за откуп на вредно земјиште.

Тој стан го нема во имотната картичка на Бачиќ.

Како што наведува Индекс, Казимир Бачиќ е осомничен за тргување со влијание, за Лончариќ за давање мито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот