ВИДЕО: Погледнете како изгледала Карлеуша кога имала 17 години

Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин

Ѕвездата Јелена Карлеуша (42) важи за една од најсексапилните жени на нашите простори, а освен по музичките ангажмани, таа е препознатлива и по храбрите модни комбинации и честите трансформации за нејзините настапи.

Фото: Инстаграм

Во денешно време, кога естетските зафати за младешки изглед стана многу подостапни за пошироката јавнот, на некои јавни личности не им се допаѓа како изгледале порано, па затоа ги избегнуваат своите стари фотографии и снимки.

Јелена Карлеуша без шминка / Фото: Инстаграм

Од носталгија, досада или желба за внимание, Јелена се присети на своите тинејџерски денови објавувајќи ретро снимка  од себеси.

Видеото датира од 1996 година, кога имала само 17 години. Неизбежливо е дека во тој период преферирала силна шминка со која ги истакнувала очите и усните, а имала и многу потемни веѓи за разлика од сега.

Многумина забележаа дека нејзината постара ќерка Атина изгледа баш како неа, а пејачката доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, но и за фризурата која важи за нејзин заштитен знак „уште пред Аријана Гранде“, како што вели таа.

Погледнете го видеото:

„Коњско опавче пред Аријана Гранде, Аријана се тресе“, „Ти беше убава тогаш, и сега си“, „Колку Атина личи на Јелена“, „Апсолутно никој не може да ѝ парира“, се некои од коментарите под објавата на Јелена.

Секако, на интернет може да се пронајдат и други фотографии, но и настапи на ЈК од деведесетите кои доловуваат дека таа ја има истата енергија, но сепак, низ годините со естетските корекци и еволуцијата во нејзиниот личен стил, сега изгледа многу поразлично.

Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин
Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин
Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин
Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин
Јелена Карлеуша во деведесетите / Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот