ВИДЕО: Погледнете ги сите настапи од овогодишното доделување на Греми наградите

Фото: Профимедиа

Бијонсе оствари нов рекорд на вчерашното доделување на Греми наградите за 2021 година добивајки 4 нови Греми награди од 10-те номинации и освојувајќи вкупно 28 Греми награди досега, така што таа стана женски изведувач со најмногу Греми престижни награди во историјата, додека Тејлор Свифт е првата жена која три пати освојува награда за најдобар албум на годината. Покрај самите доделувања, не церемонија настапија и Меган Д Сталион, Пост Малоун, BTS, Доја Кет, Дуа Липа, Хари Стајлс и други…

Овогодишното доделување на Греми наградите беше одржано синоќа со настапи во живо, но со придржување на мерките за социјална дистанца и без публика. Поради пандемијата изведувачите беа одвоени на пет бини, распоредени во кругот во внатрешноста на Конгресниот центар во Лос Анџелес со цел да се одржи физичката одалеченост.

Четири женски изведувачи ги освоија четирите главни награди на Греми. Иако жените ги освојуваа сите главни награди и претходно, за првпат четири различни соло пејачки ги освоија сите четири главни награди.

Погледнете како изгледаат настапите на музичарите…

Дуа Липа – Levitating

Доја Кет – Say so

Хари Стајлс – Watermelon Sugar

Силк Соник – Leave the door open

Бед Бани – Dakiti

Марен Морис и Џон Маер – The Bones

Лил Бејби – The bigger picture

Пост Малон – Hollywood’s bleeding

Мики Гајтон – Black Liке Mе

Роди Рич – Heartless

Видео на денот