Фото: Facebook/ Futurama

ВИДЕО | По третпат во 24 години: Анимираната серија „Футурама“ се враќа со нова сезона

Популарната анимирана серија „Футурама“ се враќа по трет пат во последните 24 години, што ги израдува обожавателите ширум светот, пренесува „Ен-ен-ен“.

Ова шоу има посветена група следбеници и низ годините доби пофалби од критичарите поради мешавината на научна фантастика, сатира и хумор. Следејќи ги претходните успеси и лојалните обожаватели, возбудливото патување на серијата продолжува од 24 јули, со најновата сезона која ќе се прикажува на „Хулу“.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Според трејлерот, нестрпливите обожаватели можат да очекуваат многу нови возбудливи настани во приказната. Во оваа нова сезона, екипажот на „Планет Експрес“ се соочува со современи проблеми како криптовалутите, вирусот наречен „Explovid-29“, укинување на културата, нарушување на приватноста, ТВ стриминг и различни имунизации.

Фото: Facebook/ Futurama
Фото: Facebook/ Futurama

Трејлерот навестува дека Фрај и Лила, главните ликови од серијата, можеби ќе доживеат нови романтични моменти заедно. Завршува со смешна и интимна сцена со нив двајца.

Фото: Facebook/ Futurama

Инаку, научно-фантастичната анимирана серија, создадена од Мет Гронинг (познат и по „Симпсонови“), дебитираше во 1999 година. Го следи Филип Џеј Фрај, мрзлив доставувач на храна, кој бил замрзнат и разбуден 1000 години во иднината, додека доставувал пица во 1999 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот