ВИДЕО | По четири години и 965 километри: Куче пронајдено и вратено на сопственикот

Фото: Принтскрин/ Икс/ WBKO News

Честопати сме сведоци на приказни кои се речиси филмски, а особено нè радуваат оние со среќен крај. Така, едно куче што исчезна од куќата на семеен пријател во Колорадо во 2020 година, се појави четири години подоцна.

За да биде приказната поинтересна, тој е пронајден во близина на границата со Мексико, на речиси 965 километри.

Бенџамин Бакстер имал 13 години кога го донел дома шестнеделното кученце по име Пичис, но во 2020 година морал да се пресели во Небраска на нова работа, а куќата во која бил потстанар не дозволувал кучиња.

Пичис престојувал кај семеен пријател во Калхан, Колорадо додека Бакстер барал нов дом за да биде со својот миленик. Кучето побегнало од куќата на пријател каде што престојувало неколку месеци.

И тоа не било првпат да бега бидејќи тоа го правел и претходно, па на почетокот Бакстер не бил загрижен. Но, како што минувале деновите, Пичис не се вратил дома.

И така поминале речиси четири години кога сопругата на Бакстер добила телефонски повик на 31 јануари од неговата мајка, која ѝ кажала дека Печис е пронајден во Лас Крус. Отпрвин мислела дека повикот е измама.

Бакстер потоа го контактирал засолништето и набрзо бил убеден дека навистина го имаат неговото куче. Пичис бил вратен од Ново Мексико во домот на семеен пријател. А Бакстер и неговото куче наскоро се преселуваат во нивниот нов дом, пишува „24седам.рс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот