Брет МекМахам / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

ВИДЕО | Пензионер од САД е заљубен во Скопје: „Работите се поинакви овде во Македонија.“

Ако го сретнете на улица, ќе речетe: „Нема шанси дека овој тивок господин е ‘вирален’ на социјалните мрежи“. Може да го сретнете во Дебар Маало, седејќи мирно во кафеана, со пијачка пред себе.

Тоа е тој лик, Брет МекМахам кој доаѓа од далечната Алабама. Во Скопје не дојде со план да стане познат. Дојде да прошета, да види нешто ново… и остана малку подолго од планираното. Па уште малку. И уште малку… и стана „локалец“.

 

Брет МекМахам / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пред неговото пензионирање, Брет бил сметководител. Да, кој би рекол. Сака да седи во кафеана, да ги слуша разговорите, да запознава луѓе и да го ужива секој момент.

Брет МекМахам / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ова не му е првпат во Скопје, се враќа и секој пат останува подолго. Тука запознава луѓе, учи, впива, а посебно ужива во нашата храна – тавче-гравче, шопска, скара, ракиичка му се омилени како да е вистински локалец.

Ако сакате да го следите неговото секојдневие во Скопје, заследете го неговиот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brett McMahan (@brettandbear)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот