Хулио Иглесијас/Фото: Хулио Иглесијас / Фото: SYSPEO / Sipa Press / Profimedia

ВИДЕО | „Пенетрираше во мене со прстите, ги принудуваше девојките да се тестираат за сексуално преносливи болести“: Морничави сведоштва од жртвите на Хулио Иглесијас 

Славниот шпански пејач Хулио Иглесијас (82) се соочува со сериозни обвинувања за сексуална злоупотреба на жени. Додека во медиумите се појавуваат нови, застрашувачки сведоштва против него, исплива и морничаво видео кое потврдува дека скандалозното однесување на Хулио кон жените одамна е познато.

Телевизискиот настап на Хулио Иглесијас, што се случил од Аргентина во 2005 година, предизвика бурни реакции и потврди дека обвинувањата за сексуална злоупотреба против него се „веројатно оправдани“. Видеото го прикажува Иглесијас како цврсто ја прегрнува познатата водителка Сузана Хименез, држејќи ѝ ја главата со двете раце. И покрај тоа што Сузана се обидувала да се ослободи од неговата прегратка, Иглесијас сосила ја бакнал во уста. Дури и тоа не му било доволно – тој упорно барал водителката да седне до него на каучот, каде што тој се обидел повторно да ја бакне, и покрај нејзиниот протест.

Сузана преку шега се обидела да го контролира грубото и агресивно однесување на својот славен гостин. Видеото старо 21 година сега стана неоспорен доказ за проблематичното однесување на Иглесијас и ги следи исклучително сериозните обвинувања што ги изнесоа две млади Латиноамериканки против 82-годишниот пејач.


Девојки, кои порано работеле за Иглесијас, чии псевдоними се Ребека и Лаура, поднеле тужба против него, обвинувајќи го за сексуална злоупотреба, трговија со луѓе и услови што потсетуваат на ропство и принудна работа.

Според извештајот на „Ројтерс“, „Женска врска во светот“ (Women’s Link Worldwide) поднела тужба во Врховниот суд на Шпанија на 5 јануари. Извршната директорка на организацијата открила на прес-конференцијата дека две жени наскоро ќе сведочат како заштитени сведоци.

Засега, Иглесијас не одговора на обвинувањата, додека издавачката куќа „Сони“ одбила да го коментира случајот. Шпанското обвинителство се повикало на доверливоста на прелиминарната истрага и не дало никакви официјални соопштенија.

„Ги принудувал девојките да се тестираат за ХИВ и хламидија“

Освен двете девојки кои некогаш биле вработени кај Иглесијас и кои изнеле ужасни обвинувања против него, сега се појави уште едно шокантно сведоштво. Како што пренесува „Гардијан“, Иглесијас наводно им наредил на одредени жени кои работеле за него да се подложат на тестови за сексуално преносливи болести.

Две поранешни вработени, Ребека и Каролина, тврдат дека девојките вработени кај Иглесијас морале да се тестираат за сексуално преносливи болести како што се ХИВ и кламидија.

„Тој нареди девојките да одат кај гинеколог на општ преглед. Имаше 10 или 12 девојки. Тие сè ни правеа, гинекологот сите ги прегледа“, рекла Ребека.

Каролина рекла: „Ме тестираа за сексуално преносливи болести. Ни направија ултразвук и крвни анализи за да видат дали имаме некакви болести. Тоа мене не ми изгледаше нормално.“

Жените рекле дека потоа биле замолени да ги испратат резултатите до една од домашните помошнички на Иглесијас.

Шпанскиот медиум „ЕлДиарио“ (ElDiario.es) исто така ја добил медицинската документација која очигледно покажува дека пет жени вработени во вилата на Иглесијас во Доминиканската Република биле подложени на гинеколошки прегледи во 2021 година.

„Анално и вагинално пенетрираше со прстите во мене“

Ребека тврдела дека Иглесијас, кој во тоа време имал 77 години, често ја викал во својата соба на крајот од работниот ден. Таа рекла дека тогаш анално и вагинално пенетрирал со прстите без нејзина согласност.

„Ме користеше речиси секоја вечер. Се чувствував како предмет, како робинка“, рекла Ребека.

Лаура изјавила за „ЕлДиарио“ дека Иглесијас ја бакнувал во уста и ѝ ги допирал градите без нејзина дозвола и против нејзина волја.

„Бевме на плажа и тој дојде до мене и ми ги допре брадавиците“, рекла таа, додавајќи дека сличен инцидент се случил покрај базенот во вилата на пејачот во Пунта Кана, луксузен одморалиште во Доминиканската Република.

Одземање на почестите поради скандалот?

Поради овие обвинувања, некои левичарски политичари побараа на Иглесијас да му бидат одземени почестите што му ги доделиле Градскиот совет на Мадрид и регионалната влада. Изабел Дијаз Ахусо, десничарската претседателка на регионот Мадрид, ги отфрлила ваквите повици.

„Жените во Иран се напаѓани и силувани со соучеснички молк на екстремната левица. Регионот Мадрид никогаш нема да придонесе за дискредитирање на еден уметник, а уште помалку кога станува збор за најуниверзалниот од сите пејачи, Хулио Иглесијас“, напишала таа во пораката на социјалната мрежа Икс.

Јоланда Дијаз, шпанска министерка за труд и заменик-премиерка, изјавила дека владата размислува за повлекување на медалот „Белас Артес“ доделен на Иглесијас од Министерството за култура во 2010 година. Таа негирала дека таков потег би влијаел на презумпцијата на невиност на пејачот, велејќи дека „постои разлика помеѓу кривична и етичка одговорност“.

Легендарниот Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

Шпанија размислува да му го одземе орденот на Хулио Иглесијас по обвинувањата за сексуално вознемирување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот