Хулио Иглесијас / Фото: SYSPEO / Sipa Press / Profimedia

Легендарниот Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

Две жени го обвинија шпанскиот легендарен пејач Хулио Иглесијас дека наводно сексуално ги злоставувал додека биле вработени во неговите вили, пренесува „Индепендент“.

Иглесијас се соочува со обвиненија дека злоставувал двете жени во 2021 година, кога помладата имала само 22 години.

Една куќна помошничка тврди дека била принудена на сексуални односи со шпанскиот пејач, опишувајќи акти на шлаканици, физичко и вербално злоставување.

Физиотерапевтката, која исто така работела за пејачот, тврди дека била изложена на несоодветно допирање, навреди и понижување за време на нејзиниот ангажман, во атмосфера на контрола и постојано вознемирување.

Наводните напади се случиле во неговите домови во Пунта Кана во Доминиканската Република и во Лифорд Кеј на Бахамите.

Обвинувањата беа објавени во вторник по заедничка истрага на шпанскиот весник „Ел Диарио“  и телевизијата „Јунивижн“.

Една од наводните жртви, именувана како Ребека (не е нејзиното вистинско име), вели дека шпанскиот уметник, тогаш 77-годишен, често ја поканувал во својата соба на крајот од вечерта.

– Ме користеше речиси секоја вечер. Се чувствував како предмет, како роб – изјавила таа.

Таа изјави дека наводните сексуални средби речиси секогаш се одвивале во присуство на друг, постар член на неговиот домашен персонал.

Друга жена, Лаура (исто така вистинското име не е објавено), тврди дека Иглесијас ја бакнувал во уста и ги допирал нејзините гради против нејзина волја.

Шпанските медиуми наведуваат дека неколку пати се обиделе да стапат во контакт со Иглесијас и неговиот адвокат, но дека не добиле одговор на прашањата испратени преку е-пошта, телефонски пораки и писма доставени на неговите домашни адреси.

Хулио Иглесиас во кариерата која трае половина век има издадено албуми продадени во над 300 милиони примероци. Во 2019 година, тој одржа концерт во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот