БиХ/Screenshot

ВИДЕО | Патници во авион ја добија веста дека БиХ ќе игра на Мундијалот, следуваше славје

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина испиша историја во вторникот, обезбедувајќи пласман на Светското првенство по драматичната победа над Италија по изведување пенали (4-1).

Големиот успех предизвика вистинска еуфорија низ целата земја, а славјето не изостана ниту надвор од нејзините граници.

На социјалните мрежи се прошири интересно видео на кое пилот за време на лет ги информира патниците за историскиот успех, по што следуваа радост и аплаузи.

„Еден од најубавите моменти во животот. Некаде над Германија, на лет кон Тузла, во авионот ја добивме информацијата дека нашата репрезентација се пласирала на Светското првенство“, стои во описот на видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Melic Belmin (@melic___15)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот