ВИДЕО: Ова ретко се гледа, како „Супермен“ го нокаутираше ривалот во Москва

Мехди Дакаев со феноменален удар го нокаутираше Макашарип Зајнуков/Фото: Принтскрин/Youtube/EAGLE FIGHTING CHAMPIONSHIP

Чеченскиот ММА борец Мехди Дакаев во петокот навечер воодушеви против Макашарип Зајнуков во главната борба на „ЕФЦ 43“ во Москва кога го нокаутираше со феноменален потег.

Дакаев како „Супермен“ во воздух го удри противникот и така дојде до триумфот во рускиот главен град на овој настан.

УФЦ фановите беа воодушевени нарекувајќи го нокаутот како „Удар на Супермен“, тврдејќи дека е првпат виден во историјата на ММА спортот.

Инаку, ова е промоција што ја води легендарниот Хабиб Нурмагомедов, и кој понуди токму таков спектакл што ќе му помогне на поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија во неговите планови да го прошири своето влијание.

На видео записот можете да го погледнете нокаутот на Дакаев против Зајнуков:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот