ВИДЕО: Ова е последниот филм на Чедвик Боузман – Сите се прашуваат дали тој постхумно ќе добие Оскар

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Ma Rainey’s Black Bottom” ќе се најде на платформата на Нетфликс на 18-ти декември…

Последниот филм на Чедвик Боузман, „Ma Rainey’s Black Bottom” е претставен со трејлер во кој покојниот актер го гледаме во смокинг, на сцената, како свири блуз со Вајола Дејвис.

Темата на филмот, базиран на наградуваната театарска претстава на Август Вилсон, се врти околу пејачката Ма Рејни, која ја игра Дејвис. Сместена во Чикаго во 1927 година, каде група музичари се занимаваат со прашањата на расата, блузот, меѓусебните врески и искористувањето на афроамериканските уметници.

Неодамна починатиот Боузман го игра Ливи, амбициозниот трубач кој сака да остави трага на музичката сцена така што на старите песни им дава модерно освежување.

Да се потстиме, Боузман почина на крајот на август од канцер. Нетфликс, како што се претпоставува, со забрзаното објавување на филмот “Ma Rainey’s Black Bottom” се надева дека Боузман можеби постхумно ќе биде номиниран за најдобар спореден актер. Нетфликс таа шанса ја има и со филмот „Da 5 Bloods” во кој Боузман исто така глуми.

Доколку се случи тоа, Боузман би можел да стане првиот актер со две номинации за Оскар, доделени постхумно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот