ВИДЕО | Ова е паркинг за коли во Њу Делхи каде масовнo се палат мртви тела на починати од ковид-19

Фото: Принтскрин

Додека вториот бран од ковид-19 се шири во Индија, се зголемува и бројот на починати тела кои треба да бидат кремирани.

– Пред пандемијата кремиравме осум до десет луѓе дневно. Сега кремираме од 100 до 120 – вели одговорно лице за кремирање на мртви тело во источниот дел на Њу делхи за тамшните медиуми.

Се кремираат толку многу тела што дури тоа веќе се врши кремирање и на паркинг за коли каде десетици работници градат нови платформи за кремирање, пренесува Си-Ен-Ен.

Во последните 24 часа во Индија се забележани речиси 400 илјади заразени, што е најголем дневен пораст во една земја од почетокот на епидемијата.

Челниците на Њу Делхи, главниот град на Индија, апелираат дека нема повеќе место за кремации на жртвите, и апелираа да се изградат уште. Како што се наведува, во новиот бран се толку многу починати што нема веќе место, а нема ниту дрва.

До сега во Индија се заразени повеќе од 18 милиони лица.

Кремирањето се смета за важен дел од хиндуистичките погребални обреди поради верувањето дека телото мора да биде уништени за душата да се реинкарнира.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот