ВИДЕО | Ова е неверојатно – Вилт Чембрлен, 60 години пауза, па Лука Дончиќ

Лука Дончиќ блеска во дресот на Далас маверикс/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Лука Дончиќ уште еднаш беше незапирлив и уште еднаш му донесе победа на својот тим Далас во НБА лигата. Одличниот словенечки плејмејкер имаше неверојатни 35 поени, осум скокови и шест асистенции во драматичната победа на Далас над Торонто репторс 111:110 и практично сам им ја донесе победата на Маверикси.

Тимот од Тексас водеше со голема разлика, но во последната четвртина се најде во неволја бидејќи четвртиот дел од натпреварот го загуби со негатива од 14 поени, но на крајот дојде до победата.

Спенсер Динвиди со 21 поен беше единствениот расположен за игра покрај Дончиќ, додека О.Г. Ануноби со 27, Паскал Сијакам со 18 и Крис Бухер со 17 поени го предводеа Торонто.

Со оваа игра Дончиќ испиша историја бидејќи стана единствениот играч во историјата на НБА заедно со Вилт Чембрлен кој постигна 30+ поени на првите 8 натпревари од сезоната. Тоа го направи Чембрлен пред него прво во 1959-60, па Чембрлен во 1962/63 кога имаше дури 23 меча по ред со 30+ поени и сега после цели 60 години го повтори тој учинок!

Чембрлен деновиве многу се споменува поради играчи од овие простори, бидејќи неодамна еден од неговите рекорди собори српскиот центар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ.

НБА лига, резултати –

Детроит – Кливленд 88:112
Индијана – Мајами 101:99
Филаделфија – Њујорк 104:106
Вашингтон – Бруклин 86:128
Бостон – Чикаго 123:119
Мемфис – Шарлот 130:99

Сан Антонио – Лос Анџелес клиперс 106:113
Далас – Торонто 111:110
Њу Орлеанс – Голден стејт 114:105
Минесота – Милвоки 102:115
Феникс – Портланд 106:108
Лос Анџелес лејкерс – Јута џез 116:130

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот