ВИДЕО | „Отсекогаш се трудев да се подобрам себеси“: Американка на 90 години успешно магистрираше

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Мини Пејн (90) од Колеџ Стејшн, Тексас и покрај тоа што завршила средно училиште во 1950 година, одлучила дека сè уште не е подготвена да ја прекине својата академска кариера, пишува „АБЦ њус“.

Неодамна, Пејн се појави на церемонијата на доделување дипломи на Универзитетот во Северен Тексас, придружувана од нејзиниот внук, за да ја подигне својата диплома за магистратурата на интердисциплинарните студии, со што на 90 години стана најстарата личност што ги завршила своите предмети навреме и успеала да магистрира на Универзитетот.

Инаку, во 2006 година Пејн дипломирала на отсекот по општи студии, а потоа ја продолжила својата академска кариера на Универзитетот во Северен Тексас.

Универзитетот вели дека во минатото едно лице добило диплома на постари години од нејзините, но предметите ги завршило на помлада возраст.

„Отсекогаш сум се трудела да се подобрам себеси. Кога ќе се стекнете со образование, се подобрувате себеси и другите околу вас. И, се разбира, добивате знаење“, изјави Пејн.

Пејн е многу благодарна на нејзините професори и академски советник, д-р Били Рослер, за нивната поддршка во текот на нејзините студии.

„Мини беше многу посветена на својата работа. Таа беше посветена во текот на програмата…да го добие образованието и знаењето и вештините што ги посакуваше“, вели Рослер.

Пејн рече дека образованието не било инструментален дел од нејзиното детство, бидејќи е родена во сиромашно семејство од необразовани текстилни работници во Јужна Каролина. Таа рече дека нејзините родители не ја сфатиле вредноста на образованието, па затоа немало кој да ѝ помогне или да ја охрабри.

„Живеев во многу мал свет. Бевме сиромашни, но не знаевме дека сме сиромашни затоа што сите други беа во иста ситуација“, рече Пејн.

По завршувањето на средното училиште во 1950 година, Пејн имала многу различни работни места во неколку индустрии, работејќи како судски известувач, транскрипционист, заменик-наставник…

По пензионирањето од повеќе од 30-годишната кариера како транскрипционер, Пејн сакала да направи нешто конструктивно со својот живот. Таа ја добила својата диплома за додипломски студии Женскиот универзитет во Тексас на 73-годишна возраст.

Со оглед на нејзината кариера со пишувањето, Пејн одлучила дека сака да продолжи да работи со лингвистиката.

„Кога ги завршив моите додипломски студии, веднаш почнав да работам како писател, а околу 16 години помеѓу мојата додипломска и магистерска програма, пишував и уредував текстови. Не бев без работа“, рече таа.

Интересно е што прославите за Пејн и нејзиното семејство не се завршени, бидејќи нејзините двајца внуци набрзо ќе ги добијат своите дипломи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот