ВИДЕО | Откриено е местото кое ајкулите го обожаваат, таму ги има 41 отсто повеќе отколку на отворен океан
Се чини дека подводните планини во близина на островот Асенсион (сместен во јужниот дел на Атлантикот и на околу 1.600 километри од брегот на Африка) имаат некоја магична привлечност за ајкулите. Новото истражување откри дека таму живеат 41 пати повеќе ајкули отколку во отворен океан. Се чини дека тоа укажува дека подводните планини се места каде што овие животни можат да се дружат, да се парат и да се одмораат, пишува IFL Science.
Препорачано
Студијата се фокусирала на три подморски планини кај островот Асенсион. Од три, две биле подморски планини со помалку од 100 метри вода што ги одвојува нивните врвови од површината на океанот, и токму овие две биле живеалишта на овие врвни предатори. Сепак, не живееле сите на исто место, туку го избрале она што најмногу им одговара.
– Се чини дека некои предатори ги користат подводните планини како центри за собирање, дружење, парење или одмор и како база во која се враќаат по лов на отворен океан. Тоа може да доведе до повеќе врвни предатори на подводните планини отколку што би очекувале врз основа на количината на достапна храна“, рече Сем Вебер од Центарот за екологија и зачувување на Универзитетот во Ексетер.
Резултатите ја поддржуваат идејата дека подморските планини се оази на живот, со влијание врз морската разновидност што се протега околу пет километри во околниот океан. Проучуваните планини се наоѓаат во морската заштитена област на островот Асенсион – зона од 445.000 квадратни километри каде што не е дозволен комерцијален риболов од големи размери или ископување на морското дно.
– Нашите резултати уште еднаш ја потврдуваат важноста од зачувување на плитките подводни планини за многу врвни предатори. Ова истражување нуди и детални сознанија за улогата на подводните планини како центри на активност и оази за морските видови и покажува како овие извонредни живеалишта влијаат на океаните што ги опкружуваат“, рече Вебер.
Студијата е објавена во списанието PLOS Biology.


