ВИДЕО | Ослабела преку 200 килограми и сега не ја препознаваат: Две години не излегов надвор
Американката Кристина Филипс (32) од Мисисипи беше една од најдебелите девојки на светот. Дневно внесувала, како што вели, 7.000 калории. Не можела да се погледне во огледало, а од дома не излегла две години, објави „ТЛЦ“ (TLC).
Препорачано
Кога во дваесеттите достигнала тежина од 300 килограми, сфатила дека мора да промени нешто бидејќи нејзините здравствени проблеми стануваат се поголеми. Речиси целиот свет ја следеше нејзината трансформација, а и покрај бројните искушенија, таа успеа да ослабе преку 200 килограми.
Нагласила дека се чувствува заробена во телото, а за проблемите кои настанале ги обвинила мајка си и тогашниот сопруг, кои купувале брза храна и ѝ дозволувале да се прејадува кога била вознемирена. Кристина денес тежи околу 83 килограми.
Лекарите ѝ го оперирале стомакот пред 10 години. Сепак, тоа не било доволно бидејќи во телото имала големи количества масни наслаги, па хируршки биле отстранети. Според американските медиуми, само од секоја нога извадиле по 20 килограми сало. После сѐ, таа почнала да се движи и да внимава на исхраната.
Во меѓувреме Американката се реализира и во улогата на мајка на два сина. Сега се соочува со стравот на не ги врати килограмите, но истакнува дека внимава што јаде.
– Порано не можев да одам и останував без здив по само неколку чекори. Сега се чувствувам одлично – рече таа.


