Орландо Блум и Луиза Лемел - Фото: Принтскрин/ Инстаграм

ВИДЕО | Орландо Блум по раскинувањето со Кети Пери е во врска со 21 година помлада манекенка

Американскиот актер Орландо Блум наводно започнал нова љубовна врска по раскинувањето на свршувачката со пејачката Кети Пери. Според странските медиуми, тој е во врска со манекенката Луиза Лемел, која е 21 година помлада од него. Двајцата биле забележани заедно како го напуштаат стадионот Levi’s Stadium во Санта Клара по завршувањето на Суперболот, објави „Дејли мејл“.

Извор за „Дејли мејл“ изјавил дека Блум и Лемел поминале време заедно во ВИП-апартманот на Raising Cane’s, каде што биле видени во многу блиска атмосфера.

„Беа заедно, разговараа со Тод Грејвс и Џејми Фокс и не ја криеја блискоста“, открил изворот.

Иако веста предизвика голем интерес во јавноста, ниту Орландо Блум ниту Луиза Лемел засега не се огласиле официјално за наводната врска. Манекенката живее во Њујорк и досега има соработувано со реномирани модни брендови како Calvin Klein и Brandy Melville. Таа има потпишано договори со неколку познати модни агенции, меѓу кои New York Model Management, Women 360 Paris, The Lab Models и LA Model Management, а се појави и во колекцијата венчаници на Вера Ванг за 2024 година.

Орландо Блум и Кејти Пери беа во врска речиси десет години, а во јуни 2025 година официјално потврдија дека ја раскинале свршувачката. И покрај разделбата, тие останаа во коректни односи и заеднички се грижат за својата ќерка Дејзи Дав, родена во 2020 година.

Во меѓувреме, и Кејти Пери продолжи понатаму. Таа ја пронајде љубовта со поранешниот премиер на Канада, Џастин Трудо. Кон крајот на минатата година, двојката престана да се крие од јавноста и почна да објавува заеднички фотографии на социјалните мрежи, потврдувајќи ја својата врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот