ВИДЕО: Олимпискиот марш на спортистите, развиорено македонското знаме во Токио

Фото: Profimedia

На Олимпискиот стадион во Токио на свеченото отворање се собираат над 11,000 спортисти кои ќе се натпреваруваат на Летните Олимписки игри.

Македонската експедиција која брои вкупно осум спортисти се претстави пред светската спортска јавност.

Како што и се најавуваше, тоа и се случи знаменосци по еден олимпиец и олимпијка беа Дејан Георгиевски и Арбреша Реџепи.

Во последен момент, по интервенција на Канцеларијата на Македонскиот олимписки комитет, Реџепи присуствува на вечерашното отварање на ОИ и го носи македонското знаме на церемонијата.

ВИДЕО: Што јадат спортистите во Токио, погледнете како изгледа ресторанот во олимпиското село

Џудистката Реџепи со одлука на ИОК/Организациониот комитет ТОКИО 2020, не е повеќе под надзор заради близок контакт со заразен од ковид-19 и ја имаше честа, покрај Георгиевски да биде спортистка, олимпијка који го носи македонското знаме на отварањето на ЛОИ 2020 Токио.

Традиционално, Грците први излегоа на стадионот, земјата од која и Игрите потекнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот