Фото: EPA/BRIAN SPURLOCK

ВИДЕО | Оклахома доминира на Западот, Холмгрен прв стрелец во победата над Њујорк

Кошаркарите на Оклахома Сити тандер го совладаа Њујорк никс со 103:100 во натпревар од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата. Лидерот во Западната конференција дојде до четвртата победа во низа.

Оклахома Сити имаше водство и од „+15“ (63:48) во третата четвртина, но гостите одговорија со серија од 24:9 и целосно се вратија во мечот.

Џејлен Брансон го израмни резултатот со тројка, а Микал Бриџис погоди шут за три поени на 1,2 секунди до крајот на периодот за да им донесе на Никс водство од 80:77.

Сепак, Тандер ја вратија контролата на почетокот на последната четвртина и успеаја да одржат минимално водство до крајот. Њујорк имаше шанса да се избори за продолжение во последниот напад, но обидите за тројка на Брансон и Ануноби беа непрецизни.

Холмгрен го предводеше победничкиот тим со 28 поени и осум скока, заедно со шест тројки. Шеј Гилџес-Александер додаде 26 поени, додека Лу Дорт постигна 16.

Карл Ентони Таунс беше најефикасен кај Никси со дабл-дабл од 17 поени и 17 скока. Брансон заврши со 16 поени и 15 асистенции, а истиот учинок на поени го имаше и Ануноби.

Оклахома е првопласирана на Западот (49-15), пред второпласираниот Сан Антонио спарс (44-17), додека Њујорк е третопласиран во Источната конференција (40-23).

НБА лига, резултати:

Њујорк – Оклахома 100:103
Бостон – Шарлот 89:118
Филаделфија – Јута 106:102
Мемфис – Портланд 114:122
Милвоки – Атланта 113:131
ЛА Клиперс – Индијана 130:107

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот