ВИДЕО | Огнен Здравковски ја објави новата песна „Душа“ која ја сними во Белград

Фото: Приватна архива

Македонскиот пејач Огнен Здравковски ја објави својата нова песна насловена „Душа“. Песната е на српски јазик, а и видеоспотот за нумерата е снимен во Белград, Србија.

За новото музичко остварување на Огнен се заслужни Саша Николиќ, чие дело се музиката и аранжманот, кој соработува со бројни српски ѕвезди, особено со Марија Шерифовиќ, додека, пак, текстот е на Мира Мијатовиќ, која инаку стои и зад текстот за песната „Оскар“, со која српскиот пејач Аца Лукас се натпреваруваше на изборот за Песна за Евровизија во Србија. За микс и мастеринг задолжен беше Лазар Милиќ.

Како режисер се потпишува македонскиот режисер Зоран Зонде Стојановски.

Покрај Огнен, во спотот се појавува и српската манекенка Невена Гичевиќ. Спотот е снимен на повеќе локации во Белград, меѓу  кои и во ресторанот на музичката ѕвезда Саша Ковачевиќ.

– Презадоволен сум од целиот проект. Навистина ја работевме долго време песната со Саша Николиќ, но сметам дека се исплатеше. Исто така морам да го пофалам и Зонде кој направи одлично видео. Сега останува на публиката да си го каже своето, но сигурен сум дека ќе им се допадне – вели Здравковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот