ВИДЕО | Oдржан НБА драфтот: Далас доведе наследник на Дончиќ
Кошаркарскиот клуб Далас маверикс вчера го избра Купер Флег како прв пик на драфтот на американската НБА лига, кој се одржа во Њујорк.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Флег во изминатата сезона блескаше на колеџот, водејќи го Универзитетот Дјук до Фајнал-фор турнирот на НЦАА лигата и беше прогласен за најдобар во неговата конкуренција.
„Навистина сум возбуден. Постојано зборувам дека сакам да бидам како сунѓер, да собирам знаење и да учам, да бидам опкружен со играчи од калибар за Куќата на славните и да го собирам нивното знаење. Ќе биде неверојатно искуство“, изјави Флег по изборот.
Сан Антонио како втор пик го избра Дилан Харпер, поранешен бек на Универзитетот Ратгерс. Харпер изјави дека ќе му биде цел да ја продолжи низата на овој тим кој од сезона во сезона ја добива наградата за најдобар дебитант, претходно ова признание го освојуваа Стефон Касел и Виктор Вембанјама.
Филаделфија како трет пик го избра Ви Џеј Еџкомб, Шарлот како четврти го доби Кон Нупел, а Јута со петтиот избор го ангажираше Ејс Бејли.


