ВИДЕО: Одлуката паѓа на „Олимпико“, Феенорд и Рома ремизираа во Ротердам
Денеска се одиграа првите натпревари од плеј-офот во Лигата на Европа за пласман во осминафиналната фаза.
Препорачано
Феенорд и Рома ремизираа 1:1 на стадионот „Де Кујп“ во Ротердам, Холанѓаните водеа по првото полувреме со голот на Пајшан непосредно пред паузата.
Италијанскиот претставник успеа да го избегне поразот во 67 минута со погодокот на Лукаку. Реваншот на „Олимпико“ ќе се одигра на 22 февруари.
Галатасарај триумфираше мининално пред своите навивачи на „Рамс Парк“ во Истанбул со 3:2 против Спарта Прага. Турците имаа позитива од 19 минута со голот на Демирбеј, па на стартот од вториот дел израмнија Чесите преку Пресиадо.
Галата повторно водеше од 61 минута по автоголот на Крејци, а само 60 секунди подоцна домаќините остана и без еден играч на теренот поради црвениот картон на Нелсон.
Тоа го искористи гостинот за нов егал на мечот со голот на Кучта во 65 минута, но и кај Спарта Прага имаше исклучен фудбалер по двата жолти картони на Ринес во 80 минута.
Победата на Галатасарај ја донесе Икарди во 91 минута по асистенцијата на Јилмаз.
Лига Европа, плеј-оф
Резултати:
Феенорд – Рома 1:1
Галатасарај – Спарта Прага 3:2
Шахтјор Доњецк – Марсеј 2:2
Јанг Бојс – Спортинг 1:3
Конференциска лига, плеј-оф
Резултати:
Молде – Легија 3:2
Олимпијакос – Ференцварош 1:0
Ројал Унион СГ – Ајнтрахт Франкфурт 2:2
Штурм Грац – Слован Братислава 4:1


