ВИДЕО: Одличната партија на Гарланд не беше доволна против Бруклин

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Во НБА лигата кошаркарите на Кливленд загубија на домашен терен од Бруклин со резултат 125:117, оставајќи ги Кевин Дурент и неговите соиграчи на третото место во Источната конференција.

На Кавалирси не им помогна ниту спектакуларната партија на Дариус Гарланд, кој мечот го заврши со 46 поени, воедно запиша осум асистенции и три скокови. Гарланд имаше и одличен процент на шут. Тој шутираше 70 проценти од поле, а реализираше пет од седум тројки.

За Бруклин, Дурент и Кајри Ирвинг постигнаа по 32 поени, а Ти Џеј Ворен реализираше 23.

На Истокот Кливленд после 13 пораз сезонава е на четвртото место, а на првите две позиции во конференцијата се Бостон (24-10) и Милвоки (22-11).

НБА лига, резултати –

Кливленд – Бруклин 117:125
Детроит – ЛА Клиперс 131:142 (по 1 продолжение)
Мајами – Минесота 113:110
Чикаго – Хјустон 118:133
Њу Орлеанс – Индијана 113:93
Сан Антонио – Јута 126:122
Портланд – Шарлот 124:113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот