ВИДЕО: Одлична вечер на Богдановиќ, покажува зошто дојде во Атланта!

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во текот на паузата се пресели од Сакраменто во Атланта и многу брзо покажува дека ќе биде одлично засилување за Хокси.

Во својата втора партија за неговиот нов клуб запиша 18 поени во триумфот над Орландо (116:107) во контролниот натпревар што е подготовка за претстојната сезона.

Поефикасен во екипата од Џорџија беше Јанг (21 поен), додека Галинари запиша 17. На спротивната страна најдобар учинок имаше поранешниот прв „пик“, Маркел Фулц со 21 кош.

Се подготвуваат и актуелните НБА шампиони, доцна синоќа Лос Анџелес Лејкерс со 131:106 славеше против Лос Анџелес Клиперс. За „езерџиите“ доминираше Хортон-Такер со 33 поени, следен од Кузма (25), а кај поразените Вилијамс реализираше 12.

Двете најголеми ѕвезди во составот на Лејкерси, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис исто така вежбаат со останатите играчи, но ќе ги пропуштат тест дуелите.

Резултати од пред-сезоната во НБА:

Атланта – Орландо 116:107
Бруклин – Вашингтон 119:114
Детроит – Њујорк 99:91
Чикаго – Хјустон 104:91
Лејкерс – Клиперс 131:106
Портланд – Сакраменто 106:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот