ВИДЕО: Одлична партија на Ненад Димитријевиќ од 30 поени против Партизан!

фото: instagram.com/unicsbasket

Денеска во натпреварот за третото место на ВТБ Суперкупот екипата на Уникс Казан триумфираше со 83:77 против белградски Партизан.

За руската екипа доминираше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој постигна неверојатни 30 поени (8/9 од поле, 3/5 за три).

Кај неговите тимски колеги блескаше и Џејлен Рејнолдс со 19 поени, шест асистенции, пет скокови и четири украдени топки.

За српскиот клуб Урош Трифуновиќ и Јанис Папапетру постигнаа по 12 поени, Кевин Пантер 11, а 10 беа дело на Џејмс Нанели. Матијас Лесор забележа осум поени и 11 скокови.

– Среќен сум за нашата победа. Покажавме вистинска тимска хемија. Да се победи клуб кој игра во Евролигата вреди многу. Верувам дека ќе успееме да го повториме овој успех и на претстојниот воведен натпревар од ВТБ лигата против Зенит. Се надеваме дека еден од лидерите на нашиот тим, Дерил Мејкон, кој се повреди на крајот на средбата, брзо ќе се опорави – рече Димитријевиќ за клупскиот сајт на Уникс Казан.

Во борбата за трофејот играат руските Зенит Петерсбург и ЦСКА Москва на нашиот тренер Емил Рајковиќ. Претходно во мечот за петтото место рускиот Локомотив Кубан со 95:93 беше подобар од Мега Баскет од Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот