ВИДЕО: Очоа му одбрани пенал на Левандовски, мируваа мрежите на Мексико и Полска

Полска не ја искористи најубавата шанса да го победи Мексико/фото: EPA-EFE/Rungroj Yongrit

Заврши првото коло во групата „Ц“ на Светското фудбалско првенство во Катар, без голови (0:0) ремизираа репрезентациите на Мексико и Полска.

Потсетување дека на првиот натпревар во истата група денеска Саудиска Арабија приреди изненадување совладувајќи ја Аргентина.

Полјаците имаа шанса да ги освојат трите бода на Лусаил стадионот, но ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски не реализираше пенал.

Во 58 минута ударот од белата точка го одбрани мексиканскиот голман Гиљермо Очоа.

Второто коло е закажано за 26 ноември, Полска ќе игра против Саудиска Арабија, додека Аргентина за противник го има Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот