ВИДЕО | Обрадовиќ удри шлаканица на навивач кој влезе на теренот

Фото: Screenshot

Партизан вчера ја совлада Црвена Звезда во петтиот натпревар и така ја освои титулата во АБА лигата.

Имаа црно-белите водство од 2:0 во серијата, но Звезда со две победи успеа да изедначи и да се врати во игра за титулата во регионалното натпреварување. Сепак, во „мајсторката“ избраниците на Жељко Обрадовиќ не дозволија пресврт и славеа за конечен триумф.

Некои навивачи пред да заврши мечот се спуштија на теренот, а еден дојде и до клупата, тоа не му се допадна на тренерот Обрадовиќ кој му удри шлаканица и му ги турна наочарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот