Партизан не дозволи пресврт, славеше во ,,мајсторката” со Звезда за седма титула

Фото: AБА Лига

Партизан е освојувач на трофејот во АБА лигата откако вечерва на свој терен ја совлада Црвена Звезда со 96:85 и со вкупни 3:2 е победник во финалето. Црно белите водеа со 2:0, но потоа Звезда успеа да врзе две победи и да изедначи во серијата. Но, Партизан вечерва славеше во ,,мајсторката” и ја освои седмата титула во регионалното натпреварување.

Покрај победара навивачите на Партизан поставија и рекорд по посетеност, на трибините имаше 22.198 гледачи според официјалниот сајт на АБА лигата.

По одличното прво полувреме Партизан водеше со 54:34, но Звезфа се разбуди во теетста четвртина која ја доби со 34:21. Се обидоа црвено-белите да се вратат, но Партизан не го дозволи тоа и беше подобар во финишот, па ја одбрани предноста.

Пантер кај Партизан бешр најефикасен со 27 поени, Лидеј додаде 15, а Нанали 15. Добриќ во редовите на Звезда постигна 18. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот