ВИДЕО: Објавена снимка пред кобниот лет во кој загина фудбалерот Емилијано Сала

фото: EPA-EFE/EDWARD BOONE

Емилијано Сала почина пред две години, а сега е објавена снимка направена пред кобниот лет. Аргентинскиот фудбалер трагично загина во јануари 2019 година во авионска несреќа, неговата смрт беше широко покриена од медиумите, а сега, три и пол години по неговата смрт, „Би-Би-Си“ објави снимка.

Сала договори трансфер од Нант во Кардиф за околу 15 милиони фунти. Се качи во приватен авион, но тој падна над Ла Манш и го загуби животот. Неговото тело беше пронајдено дури две недели подоцна, а споменатиот извор сега го објави последното видео на Сала и неговиот пилот Дејвид Иботсон пред кобниот лет.

Пилотот не беше сигурен дали треба да полета бидејќи не му изгледаше безбедно и сакаше интервенција:

– Летав и само слушнав силен тресок. Сè изгледаше во ред, но таквата ситуација го привлекува вашето внимание. Овој авион мора да се врати во хангарот – биле зборовите на Иботсон до еден пријател во својот претходен лет, чувствувајќи дека нешто лошо може да се случи.

Сала исто така имаше лошо претчувство кога се качи. Неговата порака до пријателите исто така беше предупредувачка:

– Се плашам. Авионот изгледа како да ќе се распадне. Не знам дали некој ќе ме бара бидејќи сигурно нема да ме најде – беше последната порака на Сала пред трагедијата.

Подоцна било утврдено дека 59-годишниот Иботсон немал дозвола за комерцијални и ноќни летови. Неговото тело сè уште не е пронајдено.

Кардиф мора да му плати отштета на Нант за трансферот за трагично загинатиот Сала

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот