ВИДЕО: Нов скандал во Турција, претседателот на Истанбулспор им нареди на играчите да го напуштат теренот

Фудбалскиот клуб Истанбулспор/фото: instagram.com/istanbulspor

Неодамна судија беше претепан на теренот, поради што беа одложени натпреварите од 17. коло, а вечерва се случи нов скандал во рамките од турската Супер лига.

Во второто полувреме од натпреварот помеѓу Истанбулспор и Трабзонспор на македонскиот репрезентативец Енис Барди, претседателот на домашната екипа им нареди на играчите да го напуштат теренот незадоволни од судењето. Наводно, причината е недосуден пенал.

Спорен детал кога домашните побараа пенал, кој не беше досуден, а недолго потоа Трабзон постигна гол.

Натпреварот беше прекинат во 79 минута при резултат 1:2 за Трабзонспор и фудбалерите на Истанбулспор немаа намера да се вратат на теренот.

Барди на овој меч настапи од 66 минута како замена за Абдулкадир Онур.

ФОТО+ВИДЕО: Хулигани во Турција со стаклени шишиња нападнаа одбојкарки, една од нив е повредена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот