Доживотна суспензија за претседателот на Анкарагучу поради нападот врз судијата Халил Умут Мелер

Моментот кога Фарук Коча го удри судијата на мечот Анкарагучу - Ризеспор/фото: EPA-EFE/Abdurrahman Antayali

Во рамките од турската фудбалска Супер лига екипите на Анкарагучу и Ризеспор ремизираа 1:1, а претседателот на домашниот клуб Фарук Коча незадоволен од арбитражата на крајот истрча на теренот и со тупаница удри по лицето на главниот судија на натпреварот Халил Умут Мелер.

Откако падна на теренот, Мелер доби уште неколку клоци и заврши во болница од која беше пуштен во средата.

Следниот ден Коча беше уапсен поради нападот врз судијата, следуваше неготото извинување и оставка од функцијата претседател на фудбалскиот клуб Анкарагучу, но тоа не му помогна.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, Фудбалската федерација на Турција донесе одлука да го суспендира Коча доживотно, а тој ќе треба да плати и казна од 65.000 евра.

Исто така, Анкарагучу следните пет домашни натпревари ќе ги игра пред празни трибини. Како што е познато од претходно турското првенство ќе продолжи на 19 декември.

Фудбалското првенство во Турција ќе продолжи на 19 декември

ВИДЕО: Претепаниот судија разговараше со претседателот на Турција Ердоган

ВИДЕО: Претепаниот судија разговараше со претседателот на Турција Ердоган

ВИДЕО: Претепаниот судија разговараше со претседателот на Турција Ердоган

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот