Фудбалското првенство во Турција ќе продолжи на 19 декември

фото: EPA-EFE/STR

Судијата Халил Умут Мелер беше физички нападнат и повреден од претседателот на домашниот клуб Фарук Коча по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор, поради што првенството беше прекинато.

Турската фудбалска федерација одлучи натпреварувањето во сите лиги да продолжи на 19 декември.

Причина за прекинот на натпреварувањето беа немилите настани по натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризеспор, кога физички беше нападнат 37-годишниот судија Халил Умут Мелер. Фарук Коча, претседателот на Анкарагучу, му удри силен удар со тупаница во главата, а потоа додека лежеше на тревникот, судијата беше физички нападнат и од домашни хулигани кои истрчаа на теренот.

Првенството веднаш беше прекинато, а тројцата напаѓачи се приведени и се соочуваат со казна за нападот. Во меѓувреме, судијата Мелер ја напушти болницата каде што беше примен откако беше жртва на физичкиот напад.

Коча е приведен под обвинение за нанесување физички повреди на службено лице. Тој подоцна им се извини на судијата и спортската јавност за своето однесување, си поднесе оставка но изјави и дека „само“ му удрил шлаканица на Мелер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот