ВИДЕО: Претепаниот судија разговараше со претседателот на Турција Ердоган

Судијата Мелер телефонски од болничкиот кревет во разговор со Ердоган/фото: принтскрин/twitter.com/ajansfenercom

По скандалозните настани на мечот од домашното првенство, фудбалот во Турција официјално е прекинат.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган донесе ваква одлука по насилствата на натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризеспор.

Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча, го удри судијата Халил Умут Мелер, откако Ризеспор извлече реми со гол во 97 минута.

Додека Мелер лежеше на земја, фудбалерите и членовите на Анкарагучу буквално почнаа да го клоцаат.

Мелер по инцидентот беше пренесен во болница, а од болничкиот кревет со ортопедска јака околу вратот, Мелер телефонски разговараше со турскиот претседател Ердоган.

Ердоган го повика Мелер да изрази тага поради нападот и рече дека „им наложил на релевантните министри веднаш да го направат она што е неопходно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот