Прекинато фудбалското првенство во Турција по скандалот на мечот Анкарагучу – Ризеспор

Главниот судија беше нападнат по мечот Анкарагучу - Ризеспор/фото: принтскрин/youtube.com/@showanahaber

Фудбалската федерација на Турција одлучи да го прекине првенството на неодредено време по нападот врз судијата на натпреварот Анкарагучу – Ризеспор.

Натпреварот од 15 коло на турската Суперлига заврши со резултат 1:1, а откако судијата Халил Умут Мелер означи крај, дојде до голем инцидент. Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча, влезе на теренот, му пријде на судијата и го удри со тупаница во главата.

Судијата падна на тревата, а потоа до него стигнаа бројни навивачи на домашниот тим, кои наизменично го клоцаа судијата на овој меч додека тој беше на земја.

Фудбалската федерација на Турција свика вонреден состанок на кој беше одлучено првенството да се прекине на неодредено време, здружението на турски фудбалски судии ги повика членовите да го остварат своето право на повлекување, а не долго по срамните настани во главниот град на Турција, соопшти претседателот на оваа земја Реџеп Таип Ердоган.

– Го осудувам нападот врз фудбалскиот судија. Никогаш нема да дозволиме насилството да се меша во турскиот спорт – рече Ердоган.

Во болница е примен Халил Умут Мелер, а според турските медиуми уапсени се најмалку три лица, меѓу кои и претседателот на Анкарагучу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот