ВИДЕО | Нори го налути со неспортски потег, па Ѓоковиќ го „преслуша“ за четвртфинале во Рим

Фото: ATP Tour

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ кој ја брани титулата во Рим го совлада Британецот Камерон Нори со 2:0 во сетови. Првиот сет Новак го доби со 6:3, а вториот со 6:4. Првиот сет бранителот на титулата рутински го одработи и Нори не доби ниту една брејк шанса, додека сервисот на противникот Новак го одзема уште на стартот.

Вториот сет започна слично како првиот. Нори успеа да го „преживее“ својот прв сервис гем, но не и вториот, па Новак во третиот гем стигна до брејк. Во тие моменти видовме и еден неспортски птоег кога Нори смечуваше топка директно во ногата на Ѓоковиќ, иако пред себе го имаше отворен целиот терен, а Ѓоквоиќ беше свртен со грб.

Тој момент како да го налути Ѓоковиќ и во деветтиот гем го одзема сервисот на ривалот без изгубен поен и до крајот без проблеми го чуваше водството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот