ВИДЕО: Нигерија и Брегот на Слоновата коска за титулата во Африканскиот куп на нации

фото: EPA-EFE/Gavin Barker

Фудбалските репрезентации на Нигерија и Брегот на Слоновата коска ќе играат во финалето на Африканскиот куп на нации.

Во првото полуфинале Нигерија ја елиминираше Јужна Африка по пенал серијата со 4:2, откако во регуларниот дел и продолженијата резултатот беше 1:1.

Мируваа мрежите во првото полувреме, во 67 минута Нигерија водеше со голот на Троост-Еконг, а израмни Мокоена од белата точка во 90 минута. Претходно во 85 минута им беше поништен гол на нигериските репрезентативци бидејќи Осимен беше во офсајд после ВАР снимката.

Во 115 минута во редовите на Јужна Африка црвен картон доби Кекана. Во пенал серијата кај Јужноафриканците непрецизни беа Мокоена и Макгопа, а на спротивната страна единствено не реализираше Аина.

Во вториот полуфинален меч Брегот на Слоновата коска со погодокот на Але во 65 минута по асистенцијата на Градел триумфираше над Д.Р. Конго.

Натпреварот за титулата ќе се игра в недела, а мечот за третото место е во сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот