ВИДЕО | Ница победи 8:0 и испиша историја во францускиот фудбал

Фото: OGC Nice

Петтото коло од француското фудбалско првенство започна со убедлива победа на екипата на Ница која со неверојатни 8:0 беше подобра од Сент Етјен.

Посебно импресивни домаќините беа во првото полувреме во кое до 40. минута постигнаа шест гола.

Натпреварот беше отворен со автоголот на Батубинсика по само четири минути игра, веќе во седмата минута Ндомбеле стрелаше за 2:0. До крајот на првиот дел погодуваа уште Чо, Гесан и двапати Мукоко.

Со овие шест погодоци, Ница стана првиот француски тим кој постигнал шест гола за едно полувреме во француската Лига 1 во 21. век.

Во вторите 45 минути домаќините не нападнаа со сите сили и постигнаа само уште два гола преку Диоп и Росарио за 8:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот