ВИДЕО | Неволји во Лондон: Се заглави Тауер бриџ, возилата останаа блокирани на мостот

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Лондонскиот мост Тауер Бриџ денеска се заглави во подигната положба, па возилата не можеа да поминат преку реката Темза.

Овој мост кој им дозволува на бродовите да поминуваат под него така што неговите краци се креваат,  се заглави денеска попладне, рече портпаролката на лондонската полиција.

Поради технички причини двете половина на овој 127 години стар мост кој ги поврзува северниот и јужниот дел од британската престолнина останаа подигнати и колони возила беа заглавени на двете страни.

Мостот се отвора околу 800 пати годишно за да дозволи поминување на големи бродови, а времето за отворање се знае 24 часа однапред.

Тауер бриџ е поправен во 2006 година кога механизмот се заглави четири пати претходните години. Од тогаш инцидентите биле ретки, а последен пат е пријавен на 22 август 2020 кога беше заглавен повеќе од еден час.

Во мај далечната 1997 година американскиот претседател Бил Клинтон беше одвоен од британскиот премиер Тони Блер кога мостот се отвори пред да може колоната возила да помине. Во тој случај не се работеше за техничка грешка, туку за лошо организирање на времето за отворање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот