ВИДЕО | Неверојатни снимки од Канада: „Огнена топка“ го осветли ноќното небо и вчудоневиди илјадници луѓе

Заслепувачка сина светлина го продре мракот на темното небото во понеделникот во Канада. Метеорот, буквално како стрела го осветли небото околу 6:30 часот наутро, зачудувајќи ги ранобудниците кои имале среќа да го воочат ненадејниот блесок.

Светлината ја овековечија безбедносните камери низ Едмонтон, а социјалните мрежи наскоро се натрупаа со снимки од очевидци.

Спектаклот бил забележан во најмалку две провинции, снимки пристигнуваат од Џаспер до Саскатун.

До 8:30 часот, на веб-страницата на Американското друштво за метеори (АМС) пристигнале  42 извештаи за „огнени топки на небото“.

„Мора да е ѕвезда што паѓа“

Еден очевидец кој испратил извештај до Американското друштво за метеори, ја опишал огнената топка како „блескава светлина, посилна од онаа кога автомобил ќе ти се појави во мракот“.

Друг репортер сведочи дека метеорот испуштил светло сина светлина, пред да стане портокалова, оставајќи блесоци на темно сива боја.

Леа Стори, писателка од Едмонтон, седела близу прозорецот од нејзината домашна канцеларија кога го забележала блесокот. Спектаклот е овековечен и на нејзината безбедносна камера.

„Живеам во зграда со 13 ката и се чинеше дека некој сјае црвено светло, како ласер, во моето око“, раскажува Стори за CBS news.

„Јас бев збунета и се запрашав: Што се случува? Кој го прави ова? Како може така да светат?“

Потоа помислила дека станува збор за полициски хеликоптер, кој летал на небото, но потоа го забележала метеорот.

„Си помислив, колку е добро ова, со голо око фатив ѕвезда што паѓа“, вели писателката и додава: „Неколкупати сум видела ѕвезди што паѓаат, но никогаш толку блиску, а и така јасно“.

Можеби паднал на Земјата

Френк Флоријан, астроном, сè уште бил во кревет кога падна метеорот, но видел бројни видеа објавени на социјалните мрежи. Тој вели дека кога телото влегува во атмосферата на Земјата, станува огнена топка.

„Некои луѓе ја наерекоа стрелачка ѕвезда, но кога ќе станува навистина, навистина блесокот станува светол – посветол од, да речеме, планетата Венера, на нашето утринско или вечерно небо, ние тоа го нарекуваме огнена топка“, рече Флоријан.

„Во суштина, поголемо парче материјал што паѓа низ атмосферата на Земјата, на моменти, може и да изгори малку. Понекогаш може да има делови од огнената топка расфрлани некаде. Кога тоа се сличува, ние можеме да ги посетиме тие локации и да се обидеме да најдеме парчиња што се остатоци карпата, која ја нарекуваме метеорит”, вели астрономот.

Флоријан вели дека астрономите ќе пренесат извештаи на набљудувачите за метеорот, за да утврдат дали остатоци има на Земјата. Некои од извештаите укажуваат на тоа дека блесокот навистина испуштил звук, по што астрономот потврди дека тоа е добар показател дека најверојатно, огнената топка паднала на Земјата. Тоа им кажува на научниците дека метеорот се спуштил доволно длабоко во атмосферата на Земјата, а веројатно бил распарчен и создал „мал излив на воздух“, истакна тој.

„Сезона на огнени топки“

Флоријан го опиша вчерашниот метеорот како „еден од поретките“, но истакна дека крајот на зимата и раната пролет обично се сметаат за „сезона на огнени топка“, со активност што се зголемува конкретно при крајот на февруари.

„За време на пролетните месеци, гледаме сè повеќе од овие посветли метеори – т.н. огнени топки на небото“, рече тој.

Научниците се сомневаат дека постои големо поле на вселенски карпи со кои Земјата се соочува на својата орбита овој период од годината. Флориан вели дека поголемиот дел само гори, но понекогаш ако парчето е доволно големо, станува видливо.

„Оваа огнена топка може да биде првата од многуте што луѓето ќе можат да ги видат со голо око во текот на следните неколку месеци… Продолжете да гледате нагоре“, истакна астрономот: „Никогаш не знаете кога една од овие работи ќе се види на небото“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот