ВИДЕО: Неверојатен натпревар во Париз, Мбапе и Икарди со спасија ПСЖ

epa09143129 Paris Saint-Germain's Mauro Icardi celebrates his goal with Kylian Mbappe (up) during the French Ligue 1 soccer match between Paris Saint-Germain (PSG) and AS Saint Etienne (ASSE) at the Parc des Princes stadium in Paris, France, 18 April 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Фудбалерите на ПСЖ го совладаа Сент Етјен со 3:2 во неверојатно возбудлив натпревар на кој сите пет гола беа постигнати во последните 15 минути.  Со победата, ПСЖ му се приближи на лидерот на табелата Лил на само еден бод на пет кола до крајот на шампионатот. ПСЖ сега има 69 бода, еден помалку од Лил.
Иако „светците“ доминираа на теренот на „Паркот на принцевите“, гостите први ја затресоа мрежата. Сент Етјен поведе во 78. минута со голот на Буанга, но веќе во следниот напад Мпабе испеа да израмни.


Напаѓачот на ПСЖ во 87. минута му донесе предост на својот тим откако го реализира пеналот, но тоа не беше крајот на возбудувањата.

Фудбалерите на Сент Етјен во 92. минута дојдоа до израмнување преку Хамума, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, во петтата минута од продолжението Мауро Икарди беше највисок во скокот и му донесе голема победа на својот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот