ВИДЕО | Не треба да се печат: Брзи султан ролнички или слатки „сарми“
Препорачано
Состојки:
– 180 г бисквити (може и посни бисквити)
– 60 г какао во прав
За филот:
– 1 литар млеко (од соја ако е посна верзија)
– 100 г брашно
– 120 г шеќер
– 20 г путер (или посен маргарин)
– 80 г чоколадо (или посно чоколадо)
Дополнителни состојки:
– 200 мл слатка павлака (може и посна)
– 2 лажици шеќер
– 1 лажица какао
Подготовка:
Бисквитите изблендирајте ги, па додадете го какаото и измешајте. Сипете во плех и израмнете. Во тенџере сипете ги млекото (може и млеко од соја), какаото, брашното и шеќерот. Добро измешајте, па процедете да не останат грутчиња. Додадете путер или посен маргарин, па варете со постојано мешање додека не се згусне. Потоа тргнете од рингла, додадете го чоколадото и мешајте додека не се соедини.
Може да матите и со рачен миксер за да се осигурате дека нема грутчиња, бидејќи треба да добиете мазна смеса. Потоа прелијте ја врз основата од бисквити. Убаво израмнете, па оставете да се излади на собна температура, а потоа оставете во фрижидер 2 часа. Слатката павлака (или посна слатка павлака) изматете ја со какаото и шеќерот, па премачкајте ја преку филот. Исечете ленти и завиткајте ги во ролна со помош на шпатула.


