Викторија Лоба / Фото: Инстаграм/Викторија Лоба

ВИДЕО | „Не ми одмага“: Викторија Лоба се отвори за односот со сопругот

Викторија Лоба за првпат се отвори за бракот со сопругот Ѓорѓи, со кој се венча во 2022 година.

На прашањето во поткастот „Равенка за успех“ дали сопругот ѝ е најголема поддршка, пејачката рече „сама си е најголема поддршка во животот, општо за сè“.

„Докажав дека јас сум си најголема поддршка во мојот живот, да, општо за сè. Сега ова е малку терапевтски. Добро, и како лајф-коуч. Од многу мали нозе станав одговорна за многу работи во мојот живот и сè уште сум така хиперодговорна за сè и настапувам многу силно, многу одлучно за многу работи. И тоа е тоа поради што сум денес Викторија Лоба, да кажам, како еден идентитет. Добрата работа за партнерот е што не ми одмага. А за поддршката, морам да кажам дека јас сум си најголема поддршка“, рече пејачката.

Инаку, по долги години љубов, Викторија Лоба и нејзиниот избраник, бизнисменот Ѓорѓи Калешов, одлучија да ја крунисаат љубовта со црковен брак во Охрид, во црквата Свети Јован Канео. Во долга бела венчаница и со плетенка во косата, пејачката изгледаше прекрасно на својот голем ден.

Убавата пејачка со руско потекло во истиот поткаст раскажа приказна за нејзините мајка и татко, кои се разведени.

„И кога живеев во Русија немав многу близок однос со мојот татко. Тој се прежени, а мојата мајка се премажи, со тоа што мојот очув ми беше навистина прекрасен татко и ми даде многу големо внимание како дете.

Во ниеден момент не чувствував дека нешто ми фали. Навистина имав една многу убава емотивна конекција со него како дете, така што не можам да се пожалам“, рече Викторија Лоба.

Разговор со Викторија Лоба: Никогаш не пијам вода со оброците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот