Наташа Беквалац и Драшко Станивуковиќ на дочекот на Нова година во Бања Лука/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ВИДЕО | Наташа Беквалац го бакна градоначалникот на Бања Лука на полноќ: Еве што рече пејачката по долгата прегратка со Драшко Станивуковиќ

Пејачката Наташа Беквалац настапи на плоштадот во Бања Лука за Нова Година, а на полноќ со неа на сцената излезе градоначалникот Драшко Станивуковиќ, па заедно ги одбројуваа секундите до моментот кога сказалките се споија.

Точно на полноќ, двајцата си честитаа Нова Година, се прегрнаа и се бакнаа.

„Гушкајте се, бакнувајте се, сакајте се“, порачала Наташа.

 


Беквалац при најавувањето на новогодишниот настап, таа откри дека ќе го бакне Станивуковиќ на полноќ, бидејќи ќе бидат заедно на сцената.

– Кога градоначалникот е креативен, прекрасен и млад човек, тогаш има и шега, а јас секогаш сум во шега и убава енергија. Мило ми е што постојат вакви луѓе, некако секогаш кога ќе се спомене зборот градоначалник, тоа е премногу строго за нас, но во оваа ситуација имам чувство дека можам да комуницирам на овој начин во границите што се за луѓе. На полноќ, ќе го бакнам градоначалникот, за и мене подобро да ми тргне. Слушнав дека мажите од Бања Лука се одлични, не би имала ништо против таму да ми се случи љубов за Нова година – истакнала таа.

Инаку, Беквалац неодамна ги откри своите желби во 2026 година и призна дека не посакува емотивен партнер.

– Решив да оставам многу работи зад себе. Имам многу желби во 2026 година, не на хартија и строго напишани, туку како еден вид манифестација. Не посакувам емотивна љубов оваа година. Имам многу поважни и суштински работи за мене, тоа не е на мојата листа на приоритети. Работите се случуваат кога треба да се случат. Кога ќе дојде, ќе дојде – рече Наташа.

ВИДЕО | Градоначалникот на Бања Лука ги забрани сите настапи на раперот Десингерица и воведе казни до 50.000 евра

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот